Секоја нова врска носи и нова возбуда на која не можеме да ѝ одолееме, по цена дури и да заборавиме на некои други нешта од нашиот живот.
Сосема е разбирливо периодот кога страста, привлечноста и заљубеноста се најсилни да сакате со партнерот да си посветите најмногу време еден на друг. Но, ова не смее да премине во рутина, бидејќи пред сè, и едниот и другиот имавте живот пред воопшто да се запознаете.
Прочитајте кои грешки често се прават кога започнувате нова врска:
Дружењето со пријателите
Иако ви се чини дека е важно да поминувате време еден со друг, тоа всушност не е здраво за врската. Може пребрзо да си здодеете, но и да изгубите важни луѓе во животот.
Планирајте го времето паметно, посветете доволно внимание и на дружењето и запомнете, никогаш, но баш никогаш, приватните информации и детали за пријателите не смеете да ги споделувате со партнерот, колку и да му верувате.
Самостојно носење одлуки
Кога е во прашање врската и заедничките активности, сосема е нормално и одлуките да ги носите заедно. Но, не дозволувајте партнерот да влијае врз тоа што сакате да студирате, каде и што ќе работите и со кого и кога ќе се дружите и така натаму.
Некои одлуки во вашиот живот се само ваши и никој не треба да ви се меша во нив. Само на вас е каков стил ќе негувате, колку време ќе поминувате со семејството, кој парфем ќе го користите и во која пицерија ви е повкусна пицата.
Време само за себе
Се сеќавате дека пред да ја започнете врската секогаш имавте време за себе, кога ќе си дозволевте вкусна храна, домашен спа-третман и вечер со вино и некоја добра серија.
Разбирливо е да сакате сега да ги гледате тие серии гушнати со партнерот, но разумно е да си дозволите и да бидете сами. За тоа никој не треба да ви замери, напротив, треба да има разбирање и истото да го прави и со себе.