Откако покрај „Вкусот на традицијата“, Адријана Алачки започна да биде водителка и на емисијата „Везилка“ на ТВ Алфа, гледачите се почесто почнаа да ја гледаат на телевизија.
Покрај толку ангажмани пред камера, сигурно не е нималку лесно да се биде постојатно во тип-топ издание и да се избере вистинскиот стајлинг во вистинската прилика.
Во „Везилка“ каде води заедно со колешката Ирена Спировска и колегата Благоја Грујовски, дамите најчесто се облечени во фустаните на една македонска етикета, додека за останатите телевисиски ангажмани, Алачки самата е свој стилист од домашниот гардеробер.
За снимањата во студио можеби е нешто полесно, но работата ја носи Адријана и на терен и тоа најчесто во македонските села.
Периодов тоа се селата во кои сточарството е примарна дејност, а водителката со посетата на истите ги запознава гледачите со местата, но и производството на млеко и сирење.
Ваквите моменти се снимаат пред трло со овци или во штала со крави, а Андријана и тука знае да се покаже во модно светло.
Нејзиниот избор најчесто е спортската елеганција со која одлично знае да се носи.
Во една таква прилика во селото Крушеани се облече во зелено бела комбинација која ја заокружи во жолти патики.
Ведра, поизитивна, непосредна, модерна и адаптибилна на секаква средина, од студио во штала и обратно.
Дали е со наметка за готвење, балски фустан, традиционална носија… Алачки тоа вешто знае да го износи и изведе.
фото:Instagram printskrin/Адријана Алачки