Линдзи Пелас е американска манекенка, која најмногу се прослави откако стана Плејбој зајачица и беше прогласена за Плејбој сајбер девојка за месец Мај 2014. Таа е родена на 19 мај 1991 година.
Пелас ја започна својата кариера во 2013 година, кога започнала да се фотографира за познатиот магазин Плејбој и други магазини за возрасни. После манекенството таа го пренасочила својот пат кон социјалните медиуми оставајќи голем впечаток на социјалните мрежи како Инстаграм, Снепчет и Твитер. Пелас има околку 6 милиони следбеници, а за тоа има добра причина.
Пелас е прогласена за девојката која го има најбујното природно деколте, па се има појавено на неколку магазини како Спортс Илустрејтед, Максим, Плејбој.
Исто така, Линдзи дебитирала и на филмското платно во филмот “Extraction” во 2015 година, како и во ТВ шоуа. Запознајте ја девојката која прави “бум” на социјалните мрежи.