Живот и Стил

Очекувате бебе? Погледнете ги овие популарни латински женски имиња со силно значење!

Очекувате бебе? Погледнете ги овие популарни латински женски имиња со силно значење!

Одбирањето име за дете е голем предизвик и одговорност за родителите. Потребно е да им се допаѓа и на мајката и на таткото, но и на детето кога ќе порасне. Во екот на модерни имиња, понекогаш добро е да побараме инспирација и во корењата. Токму затоа и ги споделуваме овие латински имиња со вас чие длабоко значење може целосно да ве освои.

1. Адријана
Доволно е само еднаш гласно да го изговорите ова име за да чуете колку убаво звучи, Женската варијанта од латинското име Адриан значи некој што доаѓа од Адрија. Ако сакате слатки прекари, тука ќе имате многу избор.

2. Клаудија
Ова име доаѓа од зборот „клаудус“ што во превод значело хром. Голем број римски фамилии го користеле името Клаудиус кое било извадок од ова.

3. Стела
Стела доаѓа од истоимениот латински збор што во превод значи ѕвезда. Прекрасно име за вашето мало ѕвездиче.

4. Луција
Ова име доаѓа од латинскиот збор „лукс“ што во превод значи светло или сјај. Луција е прекрасно и безвремено име за девојче.

5. Валерија
Потеклото на ова име доаѓа од латинскиот збор „валерианус“ што во превод значи силна, моќна и здрава жена.

6. Оливија
Ова име е инспирирано од латинскиот збор „оливариус“ или „оливерус“ што во превод значи маслиново. Тоа е симбол за надеж, па некогаш се преведува и како „онаа што носи надеж“.

7. Вера
Иако името звучи малку словенско, тоа доаѓа од латинскиот збор „веритас“ што во превод значи вистина. Прекрасен избор за мало девојче.

8. Лара
Лара доѓа од латинските зборови „лар“ и „ларис“ што бил називот за римските домашни богови – заштитници на куќата. Со други зборови, значењето на Лара е заштитничка.

извор:кафепауза.мк