Кога имате чувства кон некого, често е тешко да останете објективни и да забележите дека врската во која сте всушност е токсична.
Некои партнери можат да бидат искусни манипулатори, кои ќе успеат да го свртат вашето незадоволство во своја полза, за што зборуваше и трансформацискиот тренер Слаѓана Трикиќ:
– Една многу вообичаена тактика што ја користат манипулаторите и нарцисите е тие да ја менуваат вашата реакција на нивното лошо однесување, на нивната злоупотреба или нивното повредување, па едноставно го свртуваат тоа во своја полза, за на крајот да испадне дека вие, всушност, го злоставувате.
На пример, излегувате на вечера и го фаќате како ве лаже. Се нервирате, почнувате да зборувате за тоа зошто го направил тоа, барате објаснување… Меѓутоа, тогаш ситуацијата добива пресврт, па неговата реакција е тој да почнува да беснее и да вика зошто ни ја уништи вечерата, ти ме обвинуваш пред сите овие луѓе, толку си чувствителна, сакав само да те одведам на вечера, погледни што направи… и тогаш всушност се случува промена на фокусот. Сега веќе не е важно зошто ве манипулирал, туку фокусот се менува на вас и на вашата реакција.
Затоа, набљудувајте ја вашата врска и набљудувајте дали вакво нешто се случува во вашата врска, дали се случува да ја нападне вашата реакција на неговото лошо однесување и да го префрли фокусот на вас, а тоа е еден од сигурните знаци дека сте во врска со манипулатор – заклучува Слаѓана.
Извор: Попара.мк