Љубов и Секс

Обидете се на овој начин да ја спречите кавгата со партнерот

Обидете се на овој начин да ја спречите кавгата со партнерот

Кавгите меѓу љубовните партнери се неизоставен дел од сликата за една врска. Сепак, постои еден многу едноставен начин со кој можете да се обидете да ја спречите кавгата.

Без разлика колку и да е кавгата непријатна, постои еден збор кој ќе ви помогне да ги решите несогласувањата.
„Кога ќе кажете нешто што не сте сакале, само кажете УПС, или нешто слично, со што би спречиле понатамошна кавга“- тврди брачниот советник Хал Рункел, истакнувајќи дека нажалост партнерите ретко имаат искрен и отворен однос.

„Делува смешно, но тој израз може многу да промени и да направи вашиот партнер да не сфати дека нешто намерно сте направиле. Испробајте го и тргнете по нов пат, покажете дека сте ранливи, дека грешите, но и дека сакате да ги поправите грешките“- објаснува Хал.

извор:среќа.мк

To top