Љубов и Секс

Новото истражување покажува: Врските кои започнале онлајн траат подолго од останатите

Новото истражување покажува: Врските кои започнале онлајн траат подолго од останатите

Оние парови кои се запознале преку интернет, многу порано сакаат да започнат заеднички живот и да засноваат семејство.

Апликациите за состаноци како што е „Тиндер“ ги користат голем број луѓе, особено откако светот го зафати пандемијата на коронавирус, па шансите да запознаете некоја нова личност се значително намалени.

Едно истражување сега покажало дека оние врски кои започнале токму на тој начин – онлајн – траат подолго од останатите.

Истражувањето било спроведено во Швајцарија на 3.235 парови постари од 18 години, а психолозите според резултатите заклучиле дека оние луѓе кои користат апликации за запознавање на сродни души имаат многу поголеми и поцврсти цели во љубовниот однос, а со самото тоа и поголеми шанси да ја пронајдат вистинската личност и да ја одржат врската.

Исто така, оние парови кои се запознале преку интернет, сакаат што побрзо да започнат заеднички живот. Истражувањето исто така открило дека апликациите помагаат во одржувањето на врските на далечина, дека луѓето сакаат што побрзо да имаат деца и дека се сексуално задоволни исто како и оние парови кои се запознале во живо.

извор: точка.мк

To top