Доколку сакате сериозна врска тогаш треба да ги избегнувате мажите од овие старосни групи.
Австралијанката Џана Хокинг напишала своја љубовна исповед за порталот „news.com“ во кој што открила зошто не сака да излегува со мажи кои што се помлади од 45 години.
Џана Хокинг (35) имала многу големо љубовно искуство и сметала дека ги знае сите правила кога станува збор за машко-женските односи.
Меѓутоа, неодамна дошла до заклучок дека треба да избегнува мажи кои што се на возраст од 35 до 40 години.
„На 35 години и по многу години искуство, мислам дека успеав да ги совладам сите правила на љубовните состаноци.
Избегнувајте ги момците со криминални досиеја, внимавајте на мажите кои што ви се јавуваат веднаш по првиот љубовен состанок, не обидувајте се да ”поправите” некој, решавајте ги проблемите и не пијте шише со вино пред да одите на љубовен состанок.
Значи, замислете го мојот шок кога неодамна дојдов до ново откритие. Постои старосна група во која што не смее да се впушта ниту една жена која што сака со мажот да прави планови за иднината.
Доколку преземате апликација за запознавање и поставувате старосна граница, тогаш најдобро би било да избегнувате момци на старост од 30 до 40 години“ – ја започнала својата исповед оваа жена.
Џоана објаснила како дошла до овој заклучок:
„Статистички гледано, изгледа дека мажите во 30-те години се смируваат и вообичаено основаат семејство. Поради тоа не се посакувани.
Мажите пред 30-те години се расположени за романса и даваат зелено светло. Затоа сакате да се фокусирате на дружење со некое помладо момче или пак целите кон некој повозрасен господин кој што сега ја бара својата љубов по катастрофалното минато“ – напишала оваа жена.
Што мислите вие? Дали се согласувате дека идеалните мажи за сериозна врска се оние кои што се помлади од 30 и повозрасни од 45?
извор:курир.мк