Љубов и Секс

Никогаш нема да ви се јави: Ако мажот се однесувал вака на состанокот, не му се допаѓате

Никогаш нема да ви се јави: Ако мажот се однесувал вака на состанокот, не му се допаѓате

Не очекувајте пораки и покани за состанок

По првиот состанок, следува тој убиствен период на обработка и размислување за сè што се случило на состанокот.

Доколку убаво си поминавте и уживавте во друштвото на мажот што го запознавте, секако се надевате дека тој повторно ќе ве покани.

Можеби бил фин и полн со комплименти, па мислите дека му се допаѓате. Без разлика колку ви било убаво, секогаш треба да ја земете во предвид можноста да не ве побара.

Многу зависи од разговорот што сте го имале и суптилните знаци на кои можеби не сте обрнале посебно внимание. Затоа, размислете добро за сè и ако сфатите дека нешто од горенаведеното се случувало за време на разговорот, треба да ги намалите вашите очекувања.

Разговор без динамика

Сетете се како помина вашиот разговор. Дали темите не беа поврзани една со друга? Дали прашањата се појавуваа сами по себе или доаѓаа природно и спонтано? Дали забележавте двоумење во неговото однесување?

Ако за време на целиот состанок доминираше непријатна тишина, зјапање во таванот и размислување што да се каже следно, тој веројатно нема да ве побара. Исто така, доколку сте биле иницијатор на теми и разговори, можно е едноставно да не му се допаѓате и да не сака ни да ја покаже својата желба подобро да ве запознае. Леснотијата и спонтаноста да разговарате со некого е првото нешто што треба да го очекувате од личноста со која сакате да бидете во врска.

 

извор:курир.мк

To top