Љубов и Секс

„Никогаш не ми е доста“: 6 жени го опишуваат своето сексуално искуство после менопаузата

„Никогаш не ми е доста“: 6 жени го опишуваат своето сексуално искуство после менопаузата

Иако менопаузата носи проблеми како сувост на вагината и мало либидо, многу жени постари од 40 години велат дека им е важно да имаат активен сексуален живот.

Шест жени ги опишале своите искуства со сексот после менопаузата

„Никогаш не ми е доста“

„Кога почнав да поминувам низ процесот на менопауза, сексот беше последно нешто што го посакував. Неколку години подоцна, ми се чини дека не можам да се заситам. Тешко ми е бидејќи се разведов и не излегувам сериозно. Исто така забележав дека повеќе уживам во друштво на помлади момци отколку оние на мои години. Иако знам дека мажите на моја возраст или постарите, сами поминуваат низ промените, сакам да бидам задоволена за време на односот. И искрено, не сакам сериозна врска и знам дека нема тоа да биде со помлад маж, па сè е како што треба. Внимателна сум и користам презервативи. Сакам да бидам слободна и да запознаам некого само кога ми треба секс. Некое време сум со едно момче и потоа двајцата продолжуваме понатаму“, раскажала Лора (54) за „MBG“.

„Сексот моментално воопшто не ме интересира“

„Сега сум во перименопауза. Кога сето тоа започна на 43 години, доживеав целосен слом. Сега имам 50 години и се надевам дека лудилото завршува. Што се однесува до сексот, мометнално воопшто не ме интересира и не сум сигурна дали ми пречеше што таквата состојба воопшто не се менуваше“, рекла 50-годишната Џоана.

„Доволна ми е мастурбација, но дури и тоа искуство многу се промени“

Senior Couple Relaxing Together In Bed

„Ах, менопауза! Не избрав да земам хормонска терапија, па затоа тргнав во оваа авантура со ‘пореметени’ хормони во телото. Имам 63 години и поминав низ нарушувања во спиењето, топлина и емоционални подеми и падови кои го карактеризираа моето искуство во перименопаузата. Моментално немам сексуален партнер и не сакам. Имам помалку трпение за љубовни авантури и повеќе од било кога копнеам за време кое е само за мене. Задоволна сум со мастурбација, но дури и тоа искуство многу се промени – возбудата и сензациите за оргазам се пониски отколку што беа. Всушност, ништо од тоа не ми пречи“, раскалажа Керол (63).

„Нашиот сексуален живот продолжи, но само затоа што многу истражував за тоа“

„Во брак сум 32 години, а во менопауза влегов кога имав 40 години. Нашиот сексуален живот беше добар во текот на целиот брак. Водиме љубов неколкупати неделно. Проблемите со сексот започнаа кога почнав да добивам инфекции после секој сексуален однос. Разговарав со мојата докторка и таа ми препиша антибиотик кој секојпат го пиев после секс. Тоа делуваше. Тогаш имав хистеркомија и почнав да забележувам крварење после односот.

Ниту еден лекар не ми кажа дека инфекциите и крварењата беа поради вагинална сувост. На крајот за тоа дознав читајќи страници за поддршка на жени во менопауза. Повторно појдов кај мојата докторка и дознав дека мојата вагина е сосема сува и се намалила до таа мера што секое ‘вметнување’ е невозможно. Лекарите ми понудија мала или никаква помош. Потоа нарачав вагинален дилататор и органска хидратантна крема за вагина. Одев од најмал дилататор до најголем и после секој пат користев крема. На последниот преглед докторката ми рече дека сум завршила исклучителна работа и дека изгледам многу подобро. Нашиот сексуален живот можеше да продолжи, но само поради истражувањето кое самостојно го направив“, рекла Џорџија (55).

„Воопшто немам сексуален нагон“

„Од хируршката менопауза, мојот сексуален нагон едноставно исчезна. Би сакала да бидам сакана, но мислам дека хормонската терапија и антидепресивите сосема ме затупеа“, вели Ники (50).

„Повторно уживам во сексот како претходно, можеби дури и повеќе“

„Влегов во перименопауза во 36-та година, поради состојба која се нарекува предвремена инсуфициенција на јајниците. Користев хормони со години и продолжив со сексуалниот живот. После долг период на сувост на вагината, на крајот дознав дека стресот е главен причинител за тоа. Кога наполнив 54 години, го запознав мојот сегашен партнер кој е трпелив и опуштен. Повеќе не страдам од сувост на вагината и повторно уживам во сексот како некогаш, а можеби и повеќе“, раскажала Мишел (57).

извор:кримин/точка.ком.мк

To top