Љубов и Секс

Никогаш не би помислиле дека овие намирници и навики го убиваат вашиот сексуален живот

Никогаш не би помислиле дека овие намирници и навики го убиваат вашиот сексуален живот

Ако имате намалена желба за секс со партнерот или чувствувате дека вашите вештини во кревет се намалени поради недостаток на желба, голема е веројатноста дека нешто ви го убило либидото.

Верувале или не, постојат намирници и навики кои можат да го уништат вашето либидо, а да не сте ни свесни за тоа! Ако правите некоја од овие работи, многу веројатно ќе влијае на вашето либидо!

Прекумерна конзумација на сирење
Сирењето може да го намали нивото на тестостерон кој е клучен фактор со тоа што содржи ензим кој го претвора тестостеронот во естроген. Затоа, ако многу сакате сирење, обидете се да го намалите дневниот внес бидејќи тоа може да влијае на вашето либидо.

Стрес
Стресот влијае на сите и е главен виновник и предизвикувач на многу болести и состојби. Работите премногу, трпите притисоци и не знаете како да се справите со сите обврски. Сето тоа влијае на вашето ментално здравје, вклучувајќи го и либидото, пишува „Magazin.novosti.rs“.

Не пиете доволно вода
Недостатокот на вода во организмот доведува до главоболки, нервоза и иритација, но и до сувост на вагината. Пијте повеќе вода во текот на денот за да ја подобрите состојбата на телото и да влијаете на хормоните.

Не спиете доволно
Се чувствувате премногу уморни за секс? Недостатокот на сон е голем виновник, ако сте премногу уморни во текот на денот, тоа дефинитивно влијае на вашето либидо.

Пиете лекови
Ако земате антидепресиви, тие можат да влијаат на вашата смиреност, но и да ја намалат желбата за секс. Некои студии покажуваат дека ниту антихистаминиците не делуваат подобро.

Пушач сте
Цигарите лошо делуваат на крвните садови, предизвикуваат атеросклероза, па затоа влијаат и на снабдувањето со крв во вагината.

ивор:popara.mk

To top