Една од главните причини зошто денес луѓето се почесто самци отколку во врска е тоа што едноставно не знаат да ја заведат другата страна, покажува новото истражување објавено во списанието „Personality and Individual Differences“.
За да би можеле некого да привлечат, би требало да знаат да ги прочитаат сигналите на заинтересираност, но и да вложат време и труд, но младите не го прават тоа.
Менеалос Апостолоу, автор од универзитетот во Никозија, открил дека тие исти луѓе навистина сакаат да пронајдат партнер, но не знаат како да го направат тоа, а во последната година уште еден изговор за нив е пандемијата која го зафати светот.
Апостолоу претпоставува дека недостатокот на вештини на заведување и флертување, лошото препознавање на знаците на наклонетост и недостатокот на напор влијае на процентот на самци, а за да го потврди тоа, отпочнал истражување во кое учествувале 1228 мажи и жени на возраст од просечно 30 години.
Од 48 проценти од учесниците кои биле сингл, 47 проценти го обвиниле незнаењето како да се заведе другата страна, а само 23 проценти велат дека уживаат во слободниот живот и дека никој не им е потребен.
Повеќето исто така признале дека едноставно не знаат како да разберат или препознаат кога им се допаѓаат на некој, но и не знаат да дадат знак, а авторот за тоа ги обвинува долгите периоди кои ги поминале сами, особено во последната година поради пандемијата, пренесува „UNILAD“.
Експериментот кој Менеалос го спровел, само ги потврдил неговите мислења…
извор: точка.мк