Има повеќе причини зошто може да згасне страста меѓу партнерите, но понекогаш, и кога уште има страст, желбата за секс може да изостане.
Според едно најново истражување, причината зошто мажот почнал да покажува незаинтересираност во спалната соба не е до жената, туку до него.
Се смета дека мажите се визуелни суштества кои сакаат секс со вклучено светло и сакаат да ја гледаат партнерката. Повеќето жени, од друга страна, иако ги ценат визуелните квалитети, не се потпираат толку на нив во сексот.
Најновите истражувања покажаа дека токму оваа компонента може драстично да влијае на квалитетот на сексуалниот живот.
Научниците заклучија дека порнографијата може да има погубно дејство на сексот, бидејќи мажите се незадоволни од она што го гледаат во кревет, водејќи се по сценариото и визуелниот материјал што го усвоиле гледајќи порно филмови. Тоа има директно влијание на нивната сексуална активност и искуства.
Во истражувањето во кое учествувале 487 студенти било откриено дека мажите кои почесто гледале порно филмови покажале голема тенденција истите сцени да ги „одглумат“ и во реалноста. Меѓутоа, повеќето од нив „изгубиле контакт со реалноста“ дека во порно индустријата работата професионалци кои следат сценарио и упатства за да се добие финален производ „без маана“.
Покрај нереалните очекувања од квалитетот и визуелниот елемент на сексот засновани на порно филмовите, има уште еден многу важен момент. Иако има порно филмови со неутрална или позитивна содржина, повеќето се засноваат на деградирање, па дури и насилство врз жените и ретки, дури непостоечки, се сцени со бакнување, галење, гушкање и давање комплименти, што резултира со дистанциран и ладен однос меѓу „учесниците“.
А тоа не е она што треба да се доживува во една сексуална врска. Истражувањето покажало дека кај мажите кои секојдневно се изложени на влијание од порнографијата, со тек на време се развива зависност, па можат да достигнат и одржат сексуална возбуда и климакс само гледајќи порно филмови.
Проблемот е во неможноста да се раздвои фантазијата од реалноста и тие секогаш доживуваат разочарување бидејќи нивните очекувања се засновани на она што го гледаат во порно филмовите. Ова е проблем што треба да се сфати сериозно и да му се помогне на мажот да го надмине.
Од друга страна, мажите кои во значително помала мера биле изложени на порнографија го немале тој проблем. Тие го доживуваат порното како стимуланс во сексуалната врска или го користат кога немаат можност за секс со партнерка.
Извор: Кајгана.мк