Во пракса, добриот секс не е како што е на филмовите, а особено не е како оние филмови за возрасни.
Истражувањето покажало дека всушност најдобриот секс е оној кој се планира, покажала студијата спроведена во Германија, чии резултати се објавени во „Магазинот за сексуални истражувања“.
Во студијата учествувале 966 парови (воглавно хетеросексуалци), кои отворено зборувале за своите сексуални активности. Освен квалитетот на сексот, воедно се испитувани и нивните карактеристики.
Крајниот резултат на студијата покажал интересен резултат. Имено, луѓето кои се дисциплинирани, амбициозни и насочени кон успех се позадоволни на сексуален план од спонтаните.
Најзадоволни се жените кои се во брак со одговорен маж, кој се труди да ја задоволи партнерката.
Студијата покажала дека договорениот секс додава масло на оганот и дозволува фантазирање, кое набрзо се реализира.
извор: точка.мк