Резултатите покажале дека чоколадото млеко е одлично во случај на закрепнување на телото, како и во случајот пред тренинг, затоа што содржи добар баланс на протеини и јаглехидрати.
Ако сте мрзливи наутро да подготвувате појадок, доволно е да внесете храна како житарки, сушено овошје и овошни сокови.
Ова се некои од препораките за појадок во раните утрински часови
- чоколадно млеко
- половина банана со лажица путер од кикиритки
- половина ѓеврек со намаз од сирење
- тврдо варено јајце со половина тост
- грст житарки
- 1/4 чаша суво овошје
- чаша исцеден овошен сок
Ако станете после 7 часот, се препорачуваат малку поголеми оброци со шолја кафе. Малку кофеин ќе ја подобри вашата издржливост. Одличен избор се протеинските барови и супа од леќа, кои ги уништуваат негативните ефекти од синоќешната храна. Тостот со малку џем е лесно сварлив оброк, а овесната каша со млеко со ниска масленост обезбедува комплекс на јаглехидрати и протеини.
Ова се некои од препораките за појадок во доцните утрински часови
- овесна каша со млеко со ниска масленост
- протеински барови
- смути со лажичка протеин во прав, млеко (или бадемово млеко), замрзнато овошје и
- спанаќ
- парче тост со џем
- супа од леќа
извор:попара.мк