Се прашувате дали вашиот партнер планира да ве запроси?
Ќе се изненадите како се мажите се однесуваат во периодот на подготовка, па доколку забележите дека тој се однесува чудно и невообичаено обрнете внимание на овие симптоми:
- Се однесува нервозно
Доколку прашате момче кои се најзастрашувачките работи во неговиот живот тој ќе ви одговори дека првата е кога за прв пат поканува девојка на состанок, а втората е кога ја запросува. Токму и затоа нервозата се задолжителен дел. Замислете колку време го подготвувал настанот, па потоа потрагата по вистинскиот прстен и сето тоа заедно со многу измешани емоции, паника и стрес.
- Грижа за финансии
Тој одеднаш започнува да се грижи за финансиите и започнува да штеди пари. Доколку забележите дека вашето момче избегнува да троши пари како досега, а не ви кажал дека има во план поголем трошок, тогаш сигурно заштедува за вашиот прстен.
- Поинакво однесување на туѓите венчавки
Можеби досега одел на венчавки само затоа што вие сте го натерале, но сега неговото однесување е променето. Доколку се повеќе ве прашува за самата венчавка, за тоа кои традиции сакате да ги задржите, за уредување на просторот на венчавка и воопшто за целата церемонија тогаш тој со сигурност е во фаза на подготовки.
- Покажува повеќе грижа
Со текот на времето можеби тој ќе заборави да ја отвори вратата за вас, да ги измие чиниите или да го исчисти нередот зад себе, но тоа нема да го стори доколку планира да ве запроси. Наеднаш ќе забележите дека тој прави се што може со цел повеќе да ве разгали и да ви направи да ви биде удобно.
- Чудно се однесува кон пријателите
Ако забележите дека тој се однесува чудно кон пријателите и почувствувате некаква тензија во атмосферата тогаш тоа е уште еден знак. Вашето момче сигурно не е сам во целата ситуација, тој веќе ги повикал и пријателите на помош, токму и затоа ви изгледа дека тој се однесува невообичаено.
- Драстични промени
Кога мажите се одлучуваат на ваков голем чекор тие несвесно се одлучуваат и да стават крај на некои дотогашни работи. Доколку петок вечер ви бил резервиран за излегување тој можеби ќе посака да останувате дома што повеќе бидејќи се подготвува на следниот чекор во вашата врска. Ако се почесто ги користи зборовите „наше”, „ние” наместо „мое” или „јас” тоа ви е огромен знак дека прстенот е на патот.
- Разговори за иднината
Кога вие сте почнувале разговори за иднината тој веројатно веднаш ја менувал темата, но овој пат е сосема поинаку. Тој се почесто ве прашува за вашите планови, кариерата, соништа и желби. Токму овие разговори се оние кои водат кон заедничкиот живот.
- Тој чепка низ накитот
Со сигурност ќе го забележите како константно чепка низ вашиот накит и скоро секогаш има празни изговори кога ќе го прашате што бара. Тој разгледува што имате, каков накит најчесто носите и секако бара прстен што би му послужил како пример околу точната големина.
- Закажува семеен ручек
Можеби досега тој ги откажувал семејните ручеци со неговите или вашите родители, но сега се почесто сака да одите кај родителите на гости, да се дружите со другите блиски роднини и се обидува колку што може повеќе да биде добар пријател со вашите родители.
- Големиот план
Лесно би можеле да го откриете големиот план, односно денот кога тој планира да ве запроси. Тој наеднаш ви кажува дека резервирал во некој луксузен ресторан или букирал соба надвор од градот или ви кажува дека ќе заминете на патување. Во деновите како Нова година, Валентајн, годишнината на вашата врска и слични датуми кои ви се од голема важност доколку тој испланирал нешто неочекувано, тогаш бидете сигурни дека тој ќе ве запроси.
Извор: Попара.мк