Романсата заврши, а тоа дури и не е најтешкиот дел. Што со пост-депресивните ноќи, со навиките, со спомените? Постојат ли начини за побрзо преболување?
-
Тргнете ги заедничките слики откако сте раскинале.
Еден убав ден, кога нели ќе го преболите вашиот бивши/а, слободно можете да си ги погледнете сликите за да се потсетите на прекрасни моменти. Но за сега, тие ќе ве потсетуваат само на вашето минато кое вие се обидувате да го заборавите. После тешкото раскинување соберете ги сликите, тргнете ги на сигурно, далеку од вашите видици додека не ви помине тагата. Ако сте премногу гневни и имате неодолива желба да ги запалите или испоисечете, размислете два пати – тоа нема да ги смени работите; тие се сепак спомени кои вредат почит.
- Најдете занимација која што ќе ви ги отргне мислите од раскинувањето.
По раскинувањето, се чувствувате дека ама баш ништо не ви се прави. Можеби единствено одење до некој бар сам или со пријателите и да испиете премногу. Искрено требаат неколку денови за да навикнеме на некое друго секојдневие, или недели ако станува збор за раскинување на подолга врска, но понекогаш е најдобро да се исфилтрираме, и да најдеме нешто што ќе ни го исполнува денот. Излезете во некој нов клуб со пријателите, најдете ново хоби…Колку повеќе сте зафатени со разни работи, толку полесно ќе ви биде раскинувањето, а и заспивањето навечер.
- Задржете си ја перспективата.
Можеби чувството е навистина како некој да починал, ама верувајте не е исто воопшто. Ако е во прашање развод или раскинување на некоја доооолга врска, тогаш раскинувањето сигурно ќе биде многу емоционално и чувствително, можеби и навистина од помош би ви било некое стручно лице. Но, ако станува збор за врска која траела кратко, тогаш соберете се и задржете си ја амбицијата, плановите, перспективата за иднината. Останете реални – ова е животот, велат што не ве убило, само ќе не направи посилни и поимуни. Погледете околу себе…на колку луѓе околу вас им е полошо?
- Запознајте нови луѓе.
Откако ќе раскинеме со некоја драга особа, најголем е стравот дека сме ја изгубиле сигурноста за имање на посебна и интимно-емотивна врска со некој во нашиот живот. Не постои начин да се заобиколи ова чувство. Затоа запознавањето на нови луѓе во вашиот живот може да помогне да се намали таа болка и страв. Створете нови пријателства, спремете се и на влегување на нова врска па макар и краткотрајна. После раскинување ние треба да му се отвориме на светот, не да се затвориме пред него. Не се чувствувајте лошо поради тоа, на крајот на краиштата тоа е најголемата предност кога не сте во врска – бидете сам свој шеф!
- Подобрете го вашиот начин на живот.
Кога веќе не се концентрирате на некоја врска, тогаш останува една работа на која би требало да посветите внимание – да посветите време на себе. За некои од нас тоа би значело волонтирање. За некои тоа значи подобро да се организираме. По раскинувањето кога имате чувство дека никој друг не ве сака, сакајте се вие самите. Бањајте се долго и опуштете се или појдете на масажа и спа третмани, купете си нешто, наспивајте се, јадете, џогирајте…За што и да се одлучите, секако пренасочите ја целата енергија наместо на само-сожалување и на вашиот бивши/а, на подобрување на самите себе. Така ќе бидете спремни за наредната романса.
извор: попара.мк