Ве повредува кога имате многу заеднички работи со партнерот, а чувствувате дека тој се однесува студено кон вас. Во тие моменти, барате причина за таквото однесување.
Мажите, за разлика од жените, немаат потреба да ги изразуваат емоциите, а тоа се случува многу често.
Треба да се запрашате зошто тој се однесува на таков начин- обидете се да го разберете и да му помогнете, или да престанете да трошите драгоцено време доколку не вреди да се борите за него.
Еве зошто мажите не изразуваат емоции во врската или бракот:
1. Тој е играч па врската не ја сфаќа сериозно, потребен му е партнер само за друштво или колку да се каже дека е во врска.
2. Перфекционист – бара непостоечки идеал. Со вас е само додека не најде подобра девојка.
3. Тој е екстремно независна личност, но е зависен од други. Најверојатно бара одобрување од неговата мајка.
4. Има лоши искуства од минатото – долго време бил во токсична врска.
5. Слободното време го посветува на работата.
6. Финансиски е нестабилен- мажите сметаат дека тие се столбот на семејството и мора да обезбедат финансиски средства во секој момент.
Доколку заработуваат повеќе од нивната девојка, немаат самодоверба.
7. Тешко детство- повеќето од нивните проблеми се трауми од детството. Вашиот партнер нема самодоверба во себе и не знае на кој начин да ви покаже дека ве сака.
8. Убеден е дека не е доволно добар за партнерката.
9. Лични проблеми- има лични проблеми за кои не наоѓа решение.
10. Имате различна цел во животот – не ги делите истите ставови, желби и соништа, па тешко е да се поврзете на емотивно ниво.
извор: кајгана