Го подобрува дишењето
Сексот е докажан природен антихистамин и помага во ублажување на симптомите на поленски алергии и астма.
Ве подмладува
Еден од бенефитите на сексот е одржување на младиот изглед. Истражувањата ги поврзуваат преностите од сексуалните активности со значително намалување на стресот, поголемо чувство на задоволство и поквалитетен сон, и освен што ве подмладува, туку и ви го продолжува животот.
Помага во борбата против болести
Имањето секс еднаш до два пати во неделата влијае врз поголемо производство на имуноглобулин А, протеин одговорен за одржување на имунитетот. Сексуално активниот живот го намалува ризикот од рак, срцеви заболувања и мозочен удар. Разменувањето нежности ја зголемува отпорноста на организмот против настинки и вируси исто така.
Топи калории
Исто како било која физичка активност така и сексуалниот однос топи масти и калории –околу 96 калории за 20 минути, откриваат истражувањата. Тоа отприлика значи дека ќе ви ги стопи калориите од чашата вино која сте испиле вечерта.
Ја намалува болката во телото
Досегашните истражувања покажуваат дека вагиналната стимулација резултира со зголемување на толеранцијата кон болки во било кој дел од телото. Додека пак, задоволството од стимулација на клиторисот има исто таков ефект како било кој аналгетик. Сексуалното задоволство ја олеснува болката од менструација, артритис и мигрена кај жените.
Го продолжува животниот век (ако го практикувате почесто)
Една Велшка студија за долговечноста ја разгледувала поврзаноста помеѓу смртноста и сексуалната активност. Откриено е дека ризикот од смрт е за 50 отсо намален кај оние лица кои имаат секс минимум два пати во неделата, споредено со оние кои имаат помалку од еднаш месечно. Дури и ако ги вклучиме споредните фактори како години, социјален статус или цигари, улогата на сексуалната активост има идентичен ефект, што повеќе секс толку подобро за здравјето.