Љубов и Секс

Неколку интересни идеи со кои ќе креирате одличен подарок за вашиот сакан

Неколку интересни идеи со кои ќе креирате одличен подарок за вашиот сакан

Уметноста на подарувањето е вештина која не ја поседува секој. Понекогаш ни е потребна мала помош за да избереме соодветен подарок за саканиот, кој ќе биде полн погодок и ќе предизвика среќа и задоволство во неговите очи.

Иако добро познатата изрека гласи: „Важна е намерата“, сепак сите, без исклучок, ги сакаат внимателно избраните подароци.

Навистина, секогаш можете директно да го прашате партнерот со каков подарок би се израдувал најмногу, но елементот изненадување изостанува од овој план, а мора и да се признае дека не е баш најинтересниот и најинвентивниот начин за подарување. Дополнително, ова и не е секогаш идеално решение, со оглед на фактот што најголем дел од партнерите одговараат дека не сакаат ништо. За да стигнете до идеалниот подарок, треба вистински да се потрудите.

Подарување

Различни фактори може да влијаат врз изборот на подарокот, но најголемиот проблем е најчесто имагинацијата. Што и како да се подари во совршениот момент, без разлика дали станува збор за роденден, годишнина од врската, дипломска или некој друг свечен повод, останува прашање и недоумица за секоја девојка.

Најважно е да се забавувате и да уживате во потрагата. Нека тоа биде забавна мисија, наместо нервозно измачување. Ви предлагаме неколку совети и идеи за подарување.

  1. Размислете за неговото хоби и интереси. Дали вашиот партнер е спортски тип или пак неговиот интерес е насочен кон најновите производи на модерната технологија? Не ги игнорирајте деталите во неговиот дом и неговата соба. Разгледајте му ја домашната библиотека, доколку ја поседува секако. Што го интересира нека биде прашањето кое ќе ве насочува. Водете се од едноставни, но ефектни патокази – неговата омилена боја и храна, претпочитаниот музички и филмски жанр или стилот на облекување.
  2. Бидете креативни со подарокот. Нека проработи вашата фантазија. Сетете се на заеднички моменти, ваши интерни шеги и разговори, работи на кои само вие двајцата им го знаете значењето и симболиката. Бидете креативни, како во избирањето, така и во аранжирањето и моментот на самото врачување на подарокот. Не заборавајте на картичката со креативна порака.
  3. Искористете ги неговите другари. Пријателите и другарите може да бидат од вистинска помош кога станува збор за идеален подарок за саканиот. Слободно може да побарате совет и да се консултирате со некој од нив, секако во доверба, за да не се уништи изненадувањето. Најчесто пријателите имаат слични интереси, па тие прилично ќе ви ја олеснат задачата.
  4. Не избрзувајте со скапи и големи подароци. Доколку сте во „тазе“ врска која не трае повеќе од неколку недели, изберете мала, но значајна ситница. Сепак, сè уште не се познавате премногу добро за да изберете идеален подарок, па играјте на „сигурна“ варијанта. Одберете добар пијалак со кој двајцата може да се почестите. Во зависност од сезоната, можете да одберете кул маичка со интересен натпис, капче или пак шал или ракавици.

Авантурист

Доколку тој обожава да го поминува времето надвор, ужива во планинарење или екстремни спортови, за почеток квалитетно џебно ноже би бил идеалниот подарок.

Термос или матарка нека ви биде изборот доколку партнерот сака да пешачи, спортува рекреативно, трча или вози велосипед. Никогаш нема да погрешите со квалитетен ранец.

За екстремно авантуристичките типови – кацига, шатор или вреќа за спиење би биле вистински погодок.

Авантуристот би сакал и да му подарите незаборавно доживување, како лет со параглајдер.

Спортски фанатик

Неговата пасија е спортско обложување и следење на фудбалски резултати и статистики? Вторничното или петочното издание на спортскиот билтен завиткајте го во машничка и подарете му прирачник за обложување со различни техники за успешно типување.

Доколку тој е спортист, кошаркарска или фудбалска топка би биле подарок од соништата.

Дрес од неговиот омилен играч или тим, како и капа со логото на омилениот клубсе секогаш добар и пријатен начин да се изненади спортскиот фанатик.

Кариерист

Одржување на беспрекорен надворешен изглед и грижа за стајлингот се одлики на амбициозниот кариерист. Непогрешлив избор е електрична машинка за бричење.

Кравата соодветна на неговиот стил ќе предизвика воодушевување, како и манжетни за кошула со интересен дизајн. Можеби чанта за новиот лаптоп е она што му е потребно во моментот.

Доколку е пушач, пријатно ќе се изненади од табакера, убава запалка или кутија со пури.

Кожен паричник, квалитетно пенкало и нотес за планирање се опции кои треба да ги земете предвид.

Уметничка душа

Специјално изработен постер од неговите омилени бендови или книга според која е снимен филмот кој најмногу го воодушевил се подароци кои нема да поминат незабележано од уметничката душа. Запрашајте се кој е неговиот омилен уметник за да дојдете до идеалниот подарок за вашиот партнер.

Биографијата на неговиот омилен автор би му оставила посебен впечаток или пак можеби собрани дела од омилениот сликар или фотографСтопениот ѕиден часовник на Дали е подарок кој ќе измами насмевка како од партнерот, така и од најблиските.

Сигурно би се израдувал на инвентивна карикатура или пак рачно изработен сувенир, како и на интересни држачи за книги.

„Geek“

Квалитетно и уникатно компјутерско глувче, слушалки за компјутерот илигејмерска тастатура се идеални подароци доколку тој слободното време го поминува пред компјутер.

Ако пак ужива во последните крикови на модерната технологија, добри звучници се подарок со кој може вистински да го израдувате.

Инвентивна маска за мобилен телефон е идеално решение за партнер опседнат со необични гаџети.

Доколку вашиот партнер е вистински обожавател на стрипови, време е да му подарите мини-колекција од омилените.

Гурман

Ако неговиот интерес е насочен кон експериментирање во кујната и вкусување на гурмански специјалитети, воопшто нема да погрешите доколку му подарите готвач со рецепти, хумористична престилка за готвење или сет кујнски ножеви.

Специјални кригли за пиво, сортно вино, специјален отворач, колекција од специјално одбрани зачиниинтересни чашки за текила или пак шејкер за коктелисе уште неколку идеални опции за гурманскиот тип.

Ако вистински сакате да го воодушевите, изненадете го со домашно приготвени колачиња или торта.

Идеи плус со кои нема да погрешите

Друштвените типови ќе ви бидат благодарни за подарена игра како шах, табла, ризик или сет чипови за покер, со која ќе ги забавуваат пријателите.

Ниту еден маж не би одбил рачен часовник (спортски или елегантен во зависност од стилот), очила за сонце, парфем или паричник.

Шише квалитетно виски со соодветни чаши е подарок кој мажите го прифаќаат со задоволство.

Не заборавајте, секогаш подарувајте од срце и со насмевка.

To top