Освен што дава неописливо чувство на задоволство, сексот е многу здрав за човечкото тело, но дали некогаш сте се запрашале кое време од денот е најдобро за водење љубов?
Многу луѓе сакаат да го практикуваат веднаш наутро, некои се ноќни типови, но според порталот „Healthy“ најдобро време за тоа е околу 15 часот.
Хормоните играат голема улога во сексот, а во текот на денот ги достигнуваат своите подеми и падови.
-Својот врв го достигнуваат околу 15 часот. Синхронизирањето на вашите хормони со партнерот може да доведе до уште попријатен секс, вели експертот за хормони Алиса Вити.
За жените, тоа е време кога сè уште имаат многу кортизол хормон кој носи енергија за секс, а мажите имаат намалено ниво на тестостерон што ги прави емотивно поприсутни за време на сексот.
За мажите добро е и наутро
Вити вели дека клучот за задоволувачки секс е партнерите да најдат начин да ја искористат својата хормонална самосвест за попаметно да планираат подобар секс.
Сепак, според Вити, добро време за секс е и утрото бидејќи тогаш нивото на тестостерон кај мажите е највисоко.
„Мажите се повеќе заинтересирани да иницираат секс во овој период и се поспособни за подобри сексуални перформанси“, заклучува Вити.
извор:курир.мк