Љубов и Секс

Не заборавајте на нив: 2 ерогени зони што ги доведуваат момците до лудило

Не заборавајте на нив: 2 ерогени зони што ги доведуваат момците до лудило

Иако пенисот е најинтензивната ерогена зона кај секој маж, понекогаш може да биде интересно ако си поиграте и со други делови од неговото тело. Иако секој маж различно реагира на овие стимули и потребно е да го истражите секој дел од неговото тело за да го најдете токму тоа што му е потребно, сепак постојат неколку зони што се скоро универзални за сите момци. Погледнете две од нив и подгответе се да му приредите ноќ што никогаш нема да ја заборави.

1. Врат

Исто како што и вие сакате партнерот да ве бакнува во вратот, така и нему му се допаѓа кога ќе му возвратите со иста мера. Освен поигрувањето со јазикот и усните, пробајте со нежни кружни движења да го измасирате страничниот дел од неговиот врат. Ако сакате дополнително да го „разгорите огнот“, шепнете му на уво нешто возбудливо и незаборавно.

2. Брадавици

Исто како и кај жените, така и кај мажите брадавиците можат да бидат силна ерогена зона. Доволно е само благо да ги стимулирате за да го возбудите до лудило. Тоа што е важно да го запомните е дека треба да бидете нежни, особено ако не сте пробале досега, за да не му направите да му биде непријатно. Исто така, добро е да знаете и дека едно неодамнешно истражување докажало дека дури 7% од мажите можат да доживеат оргазам само со стимулација на брадавиците.

извор:кафепауза

To top