Колку и да се интуитивни, жените се исто така склони кон самозаблуда и да ги оправдуваат мажите за многу работи што ги прават.
Иако веројатно сакате тој да се интересира за вас и да се грижи, доколку се однесува на одреден начин кога станува збор за комуникација преку пораки, тоа е всушност знак дека треба да се повлечете.
Кои се знаците кои покажуваат дека не е заинтересиран, откри Слаѓана Трикиќ, трансформациски тренер специјализиран за партнерски односи:
Број 1 – вие сте секогаш таа што прва пишува.
Број 2 – тој не ви поставува прашања, тој само одговара на вашите.
Број 3 – неговите одговори немаат вредност и повеќе спаѓаат во групата „да, не, можеби“.
Број 4 – одговара многу бавно на пораките, а често и воопшто не одговара.
Број 5 – секогаш има оправдување за своето однесување (бев уморен, имам многу работа, спиев…)
Извор: Попара.мк