Во понеделник започнаа снимањата на првиот круг на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Тринаесетата сезона на овој музички натпревар ќе има многу промени, а пред се промена во жирито, односно Аца Лукас нема да биде дел од жирито. На негово место доаѓа пејачот Ѓорѓе Николиќ.
Имено, директорот на Гранд, Саша Поповиќ отрки дека Лукас не му се јавил да го извести дека нема да биде дел од екипата туку тоа го направил неговиот менаџер.
„Аца не ми се јави да ми каже дека нема да биде дел од жирито. Ми се јави неговиот менаџер и ми кажа дека Лукас не сака повеќе да биде дел од проектот „Ѕвездите на Гранд“, изјави Поповиќ.
Саша истакна дека сите го сакаат Лукас, па можеби ќе се врати следната година и заедно со своите колеги да ги оценува идните музички ѕвезди.