Љубов и Секс

Не е спалната соба: Ова е најпопуларното место во домот за водење љубов

Не е спалната соба: Ова е најпопуларното место во домот за водење љубов

Кога станува збор за најпопуларното место за водење љубов во домот, поголем дел од луѓето ќе си помислат на спалната соба.

Сепак, како што покажало истражувањето, тоа не е точно. Според зборовите на сексуалните терапевти, клучот на одржување на вашиот сексуален живот е во новитетите.

Имено, тоа би можело да значи пробување нови пози во кревет, различни техники на предигра или неистражени локации, нешто ново гарантирано ќе направи да се посакувате со вашиот партнер уште повеќе.

Истражувањето кое го спровело „Skyn Condoms“ покажало дека 78 отсто од луѓето од 18 до 34 години ги „зачинуваат“ работите во водењето љубов во дневната соба.

Останатите места за секс биле под туш, 74 отсто, потоа во автомобил, надворешен простор и плажа.

Но, не мора тоа исклучиво да биде дневната соба, што се однесува до домот. Експертка за секс и либидо, Шахзади Харпер, тврди дека кујната е најдоброто место во домот за водење љубов. Иако можеби сите се откажуваат од овој предлог „на прва“ затоа што станува збор за хигиената, сепак д-р Харпер тврди дека сексот во кујна има една голема предност за разлика од оној во кревет, многу е подобар во согорувањето калории.

„Кујната е најдобриот простор за секс, а трпезариската маса или работната површина секогаш се згодна подлога“, вели таа.

извор:точка.ком.мк

To top