Кај многу двојки со текот на времето во спалната соба завладува монотонија. Стресот и недостатокот на слободно време се само некои од причините што придонесуваат за тоа. Сепак, она на што сигурно не сте помислиле е дека вашите животни навики можат многу да влијаат на вашиот сексуален живот.
Ви ги претставуваме потенцијалните причини за вашите проблеми во сексуалниот живот:
Креветот не е место за телефон
Се прашувате, каква врска има вашиот мобилен телефон со помалку секс или целосен недостаток на секс? Ако постојано ги следите вестите или настаните на социјалните мрежи, заборавате дека не сте сами во кревет, а сето тоа го слабее и вашето либидо. Логично, нели?
Сокривање на вашите вистински желби
Комуникацијата е клучот за успешни и исполнувачки односи. Ако не зборувате или ви е тешко да зборувате отворено за тоа што сакате, ако се чувствувате под притисок да морате да скриете некои од вашите желби или да молчите и да направите нешто што не ви одговара – сето тоа може да го убие вашето долгорочно задоволство во креветот. Во некои случаи, се препорачува дури и консултација со сексуален терапевт.
Постојано одложување
Сите се често уморни и под стрес поради работата и од тие причини дури го прескокнуваат и опуштениот „секс за добра ноќ“. Тогаш треба да ги земете предвид потребите на вашиот партнер и да не го прескокнувате она што може да ви донесе релаксирачко задоволство, како и разни други, за кои можеби и никогаш не сте сонувале.
извор: убавина и здравје