Хронолошката исхрана со причина добова се повеќе фанови, а тоа го покажува британското истражување кое потврдува дека не е важно само што јадеме, туку кога. Нередовното јадење доведува до дебелеење и покачен крвен притисок. Авторите на ова истражување препорачуваат дека советите за времето на конзумирање на одредени намирници, треба да бидат вклучени во националните водачи за исхрана.
Па така денот треба да се започне со чаша вода во која, за детоксикација,може да додадете неколку капки лимон.Во осум часот доручкувајте овесна каша со млеко или јогурт која е богата со влакна и ќе ве штити неколку часа.
Утрото е најдобро време за јаглени хидрати, затоа што ако се внесуваат покасно,поголема е веројатноста дека ќе бидат претворени во масти. Еден час по доручекот пијте кафе, никако немојте на празен стомак, затоа што предизвикува нервоза. Во десет часот треба да се јадат семки од тиква, во 11 часот целер ,а во 12 ручек богат со протеини, на пример лосос и салата.
Овошјето не треба да се јаде одма по ручекот,па затоа во 14 часот јадете боровинки ,во 15 часот банана,а еден час подоцна смути од цвекло и ѓумбир. Прав избор за крај на работното време е сувото овошје, поготово ако после работа одите во теретана. Во 18 часот може да пиете една чаша пиво,во 19 аспарагус,а во 20 часот е вечерата.Пред спиење може да се напиете чаша со вино,а во 23 часот цреши,затоа што содржат мелатонин,хормон кој го подобрува сонот.
Истражувачите наведуваат дека овој режим покажува кога е најдобро да се јаде одредена група намирници,што немора да значи дека мора да конзумирате се што е наведено.