И слушањето музика и сексот предизвикуваат чувство на задоволство, поради што повеќето луѓе ги комбинираат овие две активности.
Ова стана толку вообичаено откако се достапни музичките уреди, што луѓето започнаа да создаваат специјални компилации на песни за интимни моменти со нивниот партнер.
Слушањето музика ни овозможува да се ослободиме
Луѓето не реагираат на музиката свесно, туку спонтано. Тие климаат со главите кон нејзиниот ритам и свиркаат или пеат инфективна мелодија а и често заигруваат, без разлика дали се во друштво или сами во станот. Музиката ни дава чувство на слобода, што е подеднакво важно и при водењето љубов, кога секое прекумерно размислување е излишно.
Слушањето музика го намалува стресот
Стресот е наш голем непријател во креветот. Може да спречи доволно да се возбудиме и воопшто да го спречи сексуалниот однос. Музиката, од друга страна, може да ни помогне да се опуштиме во вакви ситуации и да заборавиме на проблемите што ги окупираат нашите мисли и саботираат интимните моменти со партнерот.
Слушањето музика ги поврзува партнерите уште повеќе
Кога се пуштаат песни што ги сакаат двајцата партнери, во исто време ги обзема чувството на задоволство и се создава многу подлабока врска, отколку да водат љубов во тишина. Секој следен пат кога ќе ја слушаат истата музика, ќе се сетат на моментите во кревет со саканата личност и повторно ќе почувствуваат голема поврзаност со него.
Ритамот на музиката може да влијае на ритамот на вашите движења во креветот
За целосно задоволување на двајцата партнери за време на сексуалниот чин, потребно е да се движат во ист ритам, што не е тешка задача доколку во позадина се слуша соодветна музика со сензуални тонови и пулсирачки ритам.
Извор: Попара.мк