Еротските соништа се разликуваат кај мажите и кај жените, а студија спроведена во Германија покажа дека младите жените денес сонуваат трипати повеќе отколку што сонувале нивните баби кога биле на нивната возраст.
„Соништата отсекогаш се сметале за „прозорци во потсвеста“ кои ги обликуваат нашите најдлабоки мисли, а како психолог ништо не ме фасцинира толку како соништата кои имаат еротска димензија“, вели Џо Хемингс од Британската асоцијација на психолози.
Во студијата учествувале 2.907 мажи и жени на возраст од 16 до 92 години, а резултатите се прилично интересни. Жените на возраст од 16 до 30 години најчесто имаат еротски соништа, или вкупно 22.1% од сите нивни соништа. Ситуацијата е слична и кај мажите на истата возраст. Овие жени сонувале тројно повеќе соништа со еротска содржина за разлика од нивните баби кога за првпат е спроведено слично истражување во 1966 година.
Сепак, Хемингс вели дека жените пред 50 години подеднакво често сонувале еротски соништа, но клучната разлика е во тоа што тогаш за нив не зборувале.
„Бројките од истото истражување во различни временски периоди докажува колку се големи срамот и чувството на вина ако жената сонувала за некој друг освен партнерот, или ако во сонот правела нешто што за многумина би било шокантно во реалниот живот“, вели Хемингс со заклучок дека денешните модерни жени се воспитани да бидат посигурни во себе и својата сексуалност.
Исто така, голема е веројатноста дека за сексот искрено ќе разговараат со своите мајки, заклучи Хемингс, без непријатности кои во разговорот би ги чувствувале жените од претходните генерации.
Исто така, денес и запознавањето на потенцијален партнер е поинакво за разлика од минатото, младите жени повеќе не чекаат мажот да го направи првиот чекор.
извор: кајгана