Љубов и Секс

Научно докажано: Еве зошто е добро да водите љубов со музика

Научно докажано: Еве зошто е добро да водите љубов со музика

И слушањето музика и сексот предизвикуваат чувство на задоволство поради што поголем дел од луѓето ги комбинираат овие две активности.

Овојпат ќе споделиме со вас што велат научните истражувања – која е користа од слушањето музика за време на сексот и како тоа го зголемува задоволството во текот на таа активност:

Слушањето музика ни овозможува да се ослободиме
Луѓето на музиката не реагираат свесно туку спонтано. Тие мрдаат со главата со нејзиниот ритам и си ја потпевнуваат мелодијата, а неретко играат. Музиката ни дава чувство на слобода, кое е еднакво важно и во текот на водењето љубов, кога секој размислува премногу.

Слушањето музика го намалува стресот
Стресот е нашиот најголем непријател во креветот. Тој може да нè спречи доволно да се возбудиме, а може и да ни оневозможи воопшто да имаме сексуален однос. Музиката, од друга страна може да ни помогне да се опуштиме во такви ситуации и да заборавиме на проблемите кои ни ги окупираат мислите и нè саботираат во текот на интимниот однос со партнерот.

Слушањето музика уште повеќе ги спојува партнерите
Кога се вртат песни кои ги сакаат и едниот и другиот партнер, нив ги преовладува чувството на задоволство, а во исто време меѓу нив се воспоставува подлабока врска. Секој нареден пат кога ќе ја слушнат истата таа музика, тие ќе се сетат на моментот во кревет со саканата личност и повторно ќе почувствуваат поврзаност со него.

Ритамот на музиката може да влијае на ритамот на вашите движења во кревет
За целосна сатисфакција на двајцата партнери во текот на сексуалниот однос, потребно е тие да се движат во ист ритам, што не е тешка задача доколку во позадина се слуша адекватна музика и сензуални тонови.

извор:точка.ком.мк

To top