Живот и Стил

Научниците идентификуваа три фази на стареењето кај човекот

Научниците идентификуваа три фази на стареењето кај човекот

Научниците од американкиот Универзитет Станфорд ја доведоа во прашање верзијата за секојдневното стареење и наведоа три старосни моменти кога човечкото тело навистина се менува.

Како што пишува списанието Focus, стручњаците ја анализирале крвната плазма кај 4.263 лица на возраст меѓу 18 и 95 години. Тие проучувале околу три илјади различни видови протеини и заклучиле дека нивниот процент останува ист со децении. Сепак, кај испитаниците на возрaст од 34, 60 и 78 години биле забележани значителни промени во нивото на протеините.

Научниците ги поврзуваат овие флуктуации со промените во организмот како целина. Иако сѐ уште не е јасно како точно влијаат протеините или составот на крвта врз стареењето, експериментите врз глувците покажале дека трансфузујата на крвта од помлади индивидуи позитивно влијае врз повозрасните.

Претходно изминатиот период, соработниците на Медицинскиот колеџ Бејлор во Хјустон спроведоа пилот клиничко испитување на лек кој е мешавина од глицин и ацетилцистеин. Резултатите покажале дека ова лекарство ги коригира повеќето дефекти од стареењето и ја враќа мускулната сила како и конгитивните способности кај старите лица.

извор:нетпрес.ком.мк

To top