Радио Милева Среќа најголема

Наследникот на Јелена Јованова потпорасна, бебешките денови завршија, а Јаков веќе е „големото“ момче на мама и тато (фото)

Наследникот на Јелена Јованова потпорасна, бебешките денови завршија, а Јаков веќе е „големото“ момче на мама и тато (фото)

Годинава немавме прилика да гледаме нова сезона од ситкомот „Преспав“, но гледачите не ја заборавиле харизматичната рецепционерка од Јелена од Драчево, бидејќи МТВ се прикажуваат репризи.

За Јелена ретко има пауза од работа, бидејќи таа успешно ја гради својата кариера и пошироко во регионот. Најдобар пример за тоа е последното филмско остварување во словенечка копродукција, романтичната комедија „Нешто слатко“ во која Јелена игра заедно со колегата Сашко Коцев.

За да не им недостасува на своите фанови, актерката знае да сподели некои моменти од своето секојдневие како професионално, така и приватно.

Јелена и нејзиниот сопруг, актерот Стјепан Периќ во јуни 2020 година добија син, а отогаш уживаат во вниманието, љубовта со наследникот кој веќе е потпораснат и деновиве наполни три години.

Јаков е целиот универзум од фокусот на мама и тато, а бидејќи веќе почнува повеќе да сфаќа и да го осознава своето опкружување, овој роденден сигурно беше повозбудлив за него.

Мама покажа една фотографија од наследникот покрај море како си игра во благодетите што ги пружа природата.

-Моето големо момче има 3. Биди среќен сине, напиша гордата мама.

Јованова е од оние познати кои не го откриваат идентитетот на своето дете, па случајот е таков и тука со тоа што досега не сме го виделе лиценцето на наследникот на актерската двојка.

фото:Инстаграм принтскрин/Јелена Јованова

To top