ТВ водителката Ирена Спировска пред пет години во нејзиниот дом доби заштита која ја обожава ѝ и верува најмногу од се.
Ирена тогаш се одлучила да чува куче од расата данска дога, кое е едно од најголемите кучиња на светот.
Сега, нејзиното милениче веќе е прекрасен убав чувар, во нејзиниот убав семеен стан.
А водителката се потрудила доста околу неговиот најважен ден па му подготвила изненадување со син голем балон со бројот пет и специјална торта на три ката.
„Како кучето мое нигде нема друго… Нашето големо момче“, додаде Ирена во описот покрај објавените фотографии на нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм.
View this post on Instagram
Иницијатор за данската дога да се вдоми во нивното семејство е нејзината ќерка Зорица а убавецот е меѓу нив веќе 5 години.
Фото: printskrin/instagram/irenaspirovska