Некои од планетите се сметаат за „меѓуѕвездени соседи“. Нашата галаксија е исполнета со потенцијално населливи планети и ги има најмалку 300 милиони, наведуваат од NASA.
Имено, вселенскиот телескоп „Кеплер“ од американската вселенска агенција, спровел деветгодишна мисија за лов на планети, успешно идентификувајќи илјада егзопланети во нашата галаксија. Мисијата траела до снемување на гориво на телескопот во 2018-та година.
Колку од тие планети се населливи, и понатаму е главното прашање на мисијата.
Научниците ширум светот со години преговарале за податоците и мислат дека го пронашле одговорот, пренесува „CNN“.
Според истражувањата објавени во списанието „The Astronomical Journal“, во нашата галаксија постојат околу 300 милиони потенцијално населливи светови, што значи карпести планети способни да ја задржат водата во течна агрегатна состојба на својата површина.
„Таа бројка е груба проценка, а можеби ги има и повеќе“, навела NASA.
Некои од овие планети би можеле да бидат доволно блиску што би можеле да ги сметаме за „меѓуѕвездени соседи“. Најблиската е оддалечена околу 20 светлосни години.
изворточка.ком.мк