Македонската фолк пејачка Елена Велевска е горда мајка на три деца. Од бракот со бизнисменот Марјан Мирчески ги има најголемата Софија, Марко и најмалата Калија.
По бурниот развод, таа се врати да живее во Прилеп, додека судот одлучи децата да останат кај нивниот татко во Охрид, што страшно ја вознемири пејачката која ја продолжи борбата за старателство.
Нејзиното прво чедо веќе потпорасна во убава тинејџерка која токму деновиве славеше роденден.
„Среќен роденден, душичка“, ѝ порача „мама“ Елена гушкајќи ја својата убава ќеркичка на споделената фотографија.
Талентот за пеење Софија велат дефинитивно го наследила од својата позната мајка, но дали и таа музиката ќе ја одбере како професионална определба, останува допрва да видиме иако Елена прави се нејзинатата ќерка да ја наследи:
„Таа сега беше на еден натпревар и освои второ место. Исто така беше избрана и за мисица на тој натпревар. Многу бев горда на наградите кои ги донесе. Моментално работиме на тоа да оди на часови по музичко, кај неа постои талентот, а Бог таков талент дава еднаш на 100 години. Таа е поталентирана од мене. Ќе гледам секој слободен момент да го насочам кон неа, бидејќи навистина вреди да се инвестира во децата, иднината ја гледам во нив“ – изјави пејачката предминатото лето, а неодамна сподели кусо видео од една училишна приредба на која нејзиниот славеј Софија, како што самата напишала, настапува со позната македонска патриотска песна.
Она што е евидентно се гените кои кажуваат дека ќерката на Елена Велевска израсна во вистинска убавица која допрва ќе се развива. Тинејџерка која полека прераснува во вистинска дама зашто повеќе од очигледно е дека Софија е пресликана мама!
Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/evelevska