Поранешната девојка на турскиот актер Џан Јаман чека дете. Дилета Леота, моментално најпопуларната италијанска водителка и спортска новинарка, наскоро ќе стане мајка, а според тамошните медиуми, таткото е поранешниот голман Лорис Кариус.
Германскиот фудбалер кој настапува за Њукасл Јунајтед се гледа со убавата Дилета од октомври. Турскиот актер во кој некогаш се заљуби, сега за неа е само минато. А тие беа „пар од соништата“…
Сепак, Дилета не губеше време по раскинувањето со Џан, остана во друга состојба по само неколку месеци љубов.
На нејзиниот профил и Тик ток, се гледа и нараснатиот нејзиниот стомак. Згодната Италијанка очигледно е слаба на фудбалерите, бидејќи не така одамна ја поврзуваа и со Златан Ибрахимовиќ.
фото:Инстаграм принтскрин/тик ток/profimedia