Радио Милева поинаква приказна

Најпосле призна: Карлеуша искрено за разводот од Душко Тошиќ

Најпосле призна: Карлеуша искрено за разводот од Душко Тошиќ

Јелена Карлеуша во последно време не зборува многу во медиумите за приватниот живот и за односот со сопругот Душко Тошиќ.

Беше објавено и дека Душко бил вљубен во колешката на Јелена, што таа го демантираше, а сега гостувајќи во една ТВ емисија откри дали има партнер кој може да дојде кај неа и дали таа и Душко се уште живеат заедно.
– Па, зборуваш со жена која е во брак 16, 17 години“, рекла Јелена, на што водителката додала: „Така е, но имаше и турбуленции…“.

– Да, луѓето генерално мислат дека јас и Душко се разведовме, но не, какво чудо! Сè уште сме во брак и се уште живееме заедно, во 4 ѕида“, откри Јелена во емисијата „Мали нешта“.

За време на гостувањето водителката ја праша Јелена дали има денови кога останува без сила и плаче, на што пејачката одговорила:

„Имам денови кога доаѓам дома и размислувам: „Сега стигнав до крај! Кога ќе се појави нешто што не сум го направила, можам да се справам со тоа. Тоа е она што ме издвојува од нашата шоу-биз сцена, ја имам таа упорност“, рече Јелена, а потоа додаде:

– Ретко плачам, а кога плачам се работи за работи за кои не би верувале дека плачев. Тоа се работи кои немаат врска со мене, на пример, убивање животни, неправда кон другите луѓе. Никогаш не сум плачела поради себе, никогаш не дозволувам да бидам жртва, открила Карлеуша.

фото: Instagram printskrin/ATA Images

To top