Љубов и Секс

Најопасната поза лесно доведува до „фрактура“ на пенисот, а мажите ја обожуваат

Најопасната поза лесно доведува до „фрактура“ на пенисот, а мажите ја обожуваат

Доктор предупредува за најопасната поза во интимните односи – мажите ја обожуваат, а лесно доведува до прелом на пенисот.

Истата се смета за најопасна бидејќи токму во нејзиното изведување најчесто се случуваат „фрактури“ на машкиот полов орган.

Положбата кога жената е горе, седната и свртена со грб кон партнерот е секс поза која обично мажите ја обожаваат. Жените не се баш многу одушевени од неа, но тоа не значи дека на партнерот не сакаат да му овозможат максимално уживање.

Сепак, оваа поза може да остави сериозни последици.

Студија која анализираше повреди на пенисот пријавени во американска болница во периодот меѓу 2000 и 2013 година покажа дека дури 50% од повредите во текот на интимните односи се случиле токму во оваа поза.

На тоа предупреди и доктор Каран Раџ кој е прилично популарен на социјалните мрежи бидејќи се занимава со вакви теми.

Како што објаснува, оваа поза дава најголема веројатност да се нанесе штета поради сериозните последици. Кога жената е горе, таа ги контролира движењата на телото со целата нејзина тежина поради што доаѓа до повреди на пенисот додека е во ерекција.

„Ако движењата на мажот и жената во текот на секс не се синхронизирани, тоа може да предизвика пенисот да испадне од вагината и жената да го повреди. Иако пенисот нема коска може да биде скршен, а многумина живеат во заблуда околу таквата теорија. Луѓе, ве предупредив, значи водете си сметка“, порача докторот.

Можната повреда докторот ја објасни со тоа што всушност се крши „ткивото кое овозможува пенисот да се издолжи во текот на ерекција“.

Инаку, следна во низата опасни секс пози е доги стајл, во која се случуваат околу 30% од повредите. Ако мажот премногу брзо пенетрира доаѓа до триење со што се создаваат модринки и исеченици на вагината.

Сепак, според истражување на американски магазин за импотенција, докажано е дека дури 41 ж% од повредите доаѓаат во текот на оваа поза и тоа најчесто до фрактура на пенисот.

Извор:Кајгана.мк

To top