За оние што се разделени, видео повик во моментов е најдобриот начин за комуникација …
Зумпинг (од зборовите Zoom и dumping)е најновиот суров тренд за време на карантин, каде партнерот раскинува со вас преку видео повик, пишува The Sun.
Бидејќи вонредната состојба се уште е на сила поради пандемијата од корна вирусот, некои парови кои не живејат заедно не се во можност да се видат веќе неколку недели, додека други, кои живеат во ист простор, се очајни и нервозни што не можат да се видат со своите пријатели и да функционираат нормално.
За оние што се разделени, видео повик во моментов е најдобриот начин за комуникација. WhatsApp, Houseparty и Zoom се апликациите кои се истакнуваат како најпогодни за вакво нешто. Сепак, според најновите истражувања, преку овие мрежи и најчесто се раскинуваат врските, особено преку Zoom.
Најкоректно е да се прекине врската во живо, но карантинот ја спречи оваа можност некое време. Сè започна од британската писателка Џулија Мосер, која на својот профил на Твитер напиша:
– Дали jас сум единствената „откачена“ преку Zoom?
Џулија, која своето искуство го на порталот Buzzfeed, исто така обезбеди и скриншот од поканата за Zoom, во која се вели: „Мора да разговараме“.
Нејзиниот твит собра над 63.000 лајкови, а луѓето ги искажуваат своите реакции по ова прашање. Еден корисник дури и го именувал овој тренд, па така настанал зумпинг.
-„Жал ми е, но ова направи да се чувствувате подобро, моето момче раскина со мене преку tumblr“, се надоврзал корисник на Твитер.
-„Мене преку СМС на годишнината од врската, сега во јануари“, додаде друг.
– „Момчето раскина со мене преку говорна пошта. Тој намерно го сторил тоа кога знаеше дека не сум во можност да одговорам. Кукавица“ – додава на друга девојка.
Останатите со попозитивен став и порачуваат на Џулија да биде среќна што поради карантинот, барем некој период сигурно нема да го види бившиот.
извор: попара