За сексот ќе слушнете различни искуства, па така секое истражување кое има за цел да ги зачини работите во спалната соба е многу корисно.
Концептот е многу едноставен: учесниците беа прашани кои работи најмногу им пречат додека водат љубов со партнерот, односно поради кои работи би го оцениле сексот како лош.
Верувале или не, најлошата работа според испитаниците е кога нивниот партнер зборува во текот на сексот.
Дури 82 отсто од учесниците во истражувањето оценија дека ова е најнепривлечната работа која може партнерот да ја направи во текот на сексот.
На второ место се наоѓа недоволна мотивираност и недостаток на страс со 74 проценти, а на трето место се наоѓа лошиот начин на бакнување со 63 проценти кај испитаниците.
извор: кајгана