Љубов и Секс

Најлоши совети за секс што кружат на интернет

Најлоши совети за секс што кружат на интернет

За сексот може да читате, да гледате и да слушате и да разговарате со пријателите или со терапевт, но најдобро е за вашиот сексуален живот да зборувате со партнерот, односно партнерката.

Сексот не мора секогаш да биде фантастичен, а тоа значи дека не мора секогаш да заврши со оргазам (за двајцата), но не поради себичност, туку поради самиот факт дека треба да уживате во целиот процес, а не само во кулминацијата.

Кога станува збор за секс совети, не верувајте во сѐ што ќе видите и чуете, особено на интернет каде секој може да објави што сака. На крајот на краиштата, и да е советот најкорисен, можеби не е применлив во вашата ситуација.

Следејќи ги разните „експертски“ совети на интернет, може да се да се посрамите, или уште полошо – да се повредите себе си или партнерот.

Секс терапевтите се едногласни во проценката дека ова се најлошите совети за подобар секс што кружат на интернет:

Грицкање увце

На ушите имаме многу нервни завршетоци. За многу луѓе ушите се силна ерогена зона, но за време на сексот, кога интензитетот на чувството за допир е највисоко, грицкањето на ушната ресичка или школка може да биде многу болно. Задржете се на воздивнување и шепотење на увце, ако тоа е нешто што ве возбудува вас или партнерот/партнерката.

Топол чај

Овој „совет“ се граничи со мајтапење, но сепак некако успеа да се рашири како сериозен метод за сексуално задоволство. Некој духовит интернет корисник предложил дека е „супер“ да ставите топол чај во устата пред да почнете со орален секс и дека така ќе му пружите „незаборавно искуство на партнерот“ поради „температурната разлика“. Никако не пробувајте да го направите ова бидејќи кожата на главата на пенисот е многу нежна и чувствителна, па може да дојде до повреда на ткивото на оваа интимна зона.

Жени, скокајте повисоко

Уште еден од ужасните совети е дека жената треба да скока повисоко кога е одозгора во „јавачка“ позиција. Не само што брзо ќе се уморите, постои опасност да го свиткате или „скршите“ пенисот на партнерот. Во оваа поза најдобро е да се движите напред-назад, препорачуваат секс експертите.

Што погласно, тоа подобро

Многу жени се обидуваат интензивно да стенкаат, за да не дојде до никаков сомнеж кај партнерот дека уживаат во сексот. Не мора да вриштите цело време. Доволни се длабоки воздишки и стенкања баш во моментите на најголемо задоволство, а тоа ќе го забележи и партнерот и ќе знае што точно ви се допаѓа. Постојаното и гласно стенкање нема да импресионира, ни возбуди никого. Напротив.

Гребење

Ова клише се провејува уште од времето кога секс совети се читаа во списанија и сега кружи на интернет. Во моментите на страст е разбирливо дека сакате да го притиснете партнерот поблиску до себе, но ако намерно му оставите траги од нокти по грбот тоа не е доказ дека врвно сте уживале. А и нема потреба да го „обележувате“ партнерот.

извор: Кајгана

To top