Фантазирањето и мечтаењето за одредени работи подеднакво се важни за здравиот сексуален живот на луѓето. Особено кога станува збор за женските фантазии кои најчесто се тајна, дури и кога луѓето сакаат да зборуваат отворено за сексот, некои ги сметаат за претерано ризични за споделување. Или едноставно се срамат да ги кажат.
Мечтаете за секс во кој рацете ќе ви бидат врзани над главата или фантазирате за секс со човек кој не го познавате? Знајте дека не сте сами, многу жени ги имаат истите фантазии и тоа се само фантазии, не треба да се плашите од нив, пишува Metro.
1. Фантазирате некој да е доминантен со вас
Од спенкинг до врзување на рацете до поекстремни аспекти на сексуална доминација, вклучувајќи и БДСМ, доминацијата возбудува многу жени. Но, не сите на истиот начин, некои жени сакаат да доминираат над партнерот.
Но, како и сите останати фантазии, не значи дека го рефлектираат тоа што го посакуваме во реалниот живот. Според психологот Џо Хеминг, не треба да има конфузија за улогите кои ги играме во секојдневниот живот. Тоа е еден вид ослободување од стресот, сексуален јин на професионалниот јанг, поедноставно кажано.
2. Преземање на контролата
Жените фантазираат да бидат доминирани во кревет, но истовремено понекогаш сакаат улогата да се промени, па тие да бидат доминантни, познато како изразот „switch“ во БДСМ светот што докажува дека нема правила и рестрикции за сексуалните фантазии.
3. Секс со непознат маж
Сексот со непознат маж во реалноста е ризичен и опасен, но нема штета од тоа кога фантазирате. Самата идеја е возбудлива, но не значи дека ќе ја остварите во реалниот живот.
4. Секс со некој кој е „забрането овошје“
Додека повеќето жени не сакаат да имаат ништо сексуално со партнерите на нивните другарки, колешки, сосетки и слично, во реалноста жените фантазираат за тоа. Дури 65% од жените кои учествувале во истражување, објавено во The Journal of Sexual Medicine, изјавиле дека тоа им е најчестата фантазија.
5. Групен секс
Можеби во порно филмовите групниот секс изгледа како нешто секојдневно, во реалноста малкумина имаат можност да ја пробаат оваа фантазија, па продолжуваат да си фантазираат.
Според британската секс експертка Ребека Дејкин, фантазијата за групен секс е многу честа кај жените кои немале многу сексуални партнери и можеби подолго време се во долга врска/брак.
извор: кајгана