Радио Милева
Инсомнија

Најголемиот хит на Јелена Карлеуша е биографија на нејзина колешка со која не разговара

Најголемиот хит на Јелена Карлеуша е биографија на нејзина колешка со која не разговара

Текстовите на покојната Марина Туцаковиќ отсекогаш ја буделе љубопитноста на јавноста, особено оние кои таа ги напишала за водечките имиња на музичката сцена. Бараа биографски моменти, скриени пораки…

Една од тие песни е „Insomnia“, според многумина најголемиот хит на Јелена Карлеуша, кој, како што се покажа подоцна, не е инспириран од животот на поп дивата, туку од еден од нејзините колешки.

-Кога еднаш дојдов кај Марина, таа ме праша што ми е, дека сум „невротична“, на што и реков да не ми стои на маката, дека сум неизлечива од инспмнија, дека мојот живот е една голема несоница. Жива вистина… Понекогаш не спијам седум дена! Џабе апчиња, бескорисни се. Сега, бидејќи Марина е апсолутен гениј, тие неколку мои реченици и беа доволни да го направи хитот што го направи. Јелена сега може да ми каже: „Те молам, почесто се жали кај неа!“ – откри во една прилика Ана Николиќ, која долго време не е во добри односи со Јелена Карлеуша.

фото:Инстаграм/Јелена Карлеуша

Останати вести од Радио Милева