Хороскопот е одличен помагател кога станува збор за подароци за празниците – секој хороскопски знак има некои работи што ги сака повеќе од другите, па еве како да ги развеселите вашите најблиски со совршени подароци.
Овен
Мажи – Одличен подарок е парфем или спортска опрема
Жени – Секој производ за нега на тело или коса или моден додаток, како што е торба или шал
Бик
Мажи – Сè е лесно ако имаат хоби и собираат нешто – завршете ја нивната колекција и тие ќе бидат најсреќни на светот. Ако не, тогаш побарајте нешто лично и не заборавајте да го спакувате на посебен начин.
Жени – Тие ги сакаат празниците, па затоа не можете да погрешите со блескав ангел или пак со сет свеќи. Накитот изработен од благородни метали ќе ги задоволи и ќе им даде можност да се пофалат со тоа колку некој ги сака.
Близнаци
Мажи – Пред сè, тие ја сакаат комуникацијата, па сè што има врска со современата технологија е идеален подарок за нив.
Жени – Сè што не би купиле за себе дури и во лудило е неверојатно кул за нив. Колку повеќе светки и сјај – толку подобро!
Рак
Мажи – Многу се повлечени и го ценат нивниот дом. Идеално е сè што може да ја заврши топлата семејна атмосфера – мали кујнски апарати, рамки за слики и слично.
Жени – Ако внимателно ја слушавте последните денови, таа веројатно ви „наметна“ што сака да и купите. Ако не сте, никогаш не можете да погрешите со добра книга.
Лав
Мажи – Особено „скап“ знак кога станува збор за подароците. Значи, колку поскап – толку подобро. Ако е исто така и уникатно – вашиот Лав ќе биде повеќе од задоволен.
Жени – Слепи следбеници на сè што е модерно и луксузно. Изберете нешто што штотуку пристигнало на пазарот или е специјално направено само за неа.
Девица
Мажи – Слободно прашајте ги што би сакале под елката и слушајте што ќе ви кажат. Ако ништо друго, подароците поврзани со нивното хоби ќе бидат идеални.
Жени – Многу благодарни за ситници. Само внимавајте да не ги ставите во незгодно со вашиот подарок, грижејќи се како да ви врати. Книга или некој накит ќе бидат доволни.
Вага
Мажи – Сакаат да изгледаат елегантно, па затоа модните додатоци се полн погодок, секако доколку добро го познавате вкусот на таа Вага. Ако не сте блиски, тогаш изберете држач за мобилен телефон или нешто слично.
Жени – Тие сакаат подароци што ги засегаат само нив, т.е. подароци што ќе направат да се чувствуваат посебно. Особено сакаат убаво стокмени подароци. Ако не сте креативни, финото чоколадо или накит ќе ви го спасат денот.
Шкорпија
Мажи – Личност која е многу приврзана за својот изглед. Добро парче облека или моден додаток како шал или фини нараквици ќе го направат задоволен и среќен. Книгите за нешто што го интересира се исто така многу добра идеја.
Жени – Девојка која го сака неочекуваното. Ако сте во можност да си дозволите патување на непознато место, ќе добиете вечна благодарност. Ако сè уште имате поскромен џеб, подарете и заедничка фотографија од некој луд провод за која не ни знаела дека постои.
Стрелец
Мажи – Сакаат практични подароци и добро друштво. Билетите за концерт се одличен избор, особено ако цело друштво се согласи да одите заедно. Добар избор се исто така мали додатоци за автомобил, привезок за клучеви и слично.
Жени – Особено ќе бидат задоволни со билет за концерт или новогодишна ноќ на лудо место. Блескавите работи ќе ја воодушеват и во никој случај не заборавајте да биде завиткано во сјајна хартија!
Јарец
Мажи – Симпатичен паричник, парчиња компјутерска опрема или книга за нешто што ги интересира, би требало да го реши проблемот.
Жени – Тие ќе бидат задоволни од сè што е „топло“. Поклонете и чорапи, ракавици или капа. Ако сте многу блиски, можете и да и дадете пари да си купи нешто сама – на пример ваучер од омилениот бутик е одличен подарок!
Водолија
Мажи – Ако не можете да си дозволите да му купите најнов телефон, лаптоп или iPod, пробајте нешто егзотично. Фигура од третиот свет или камен од Месечината може да набавите на интернет по пристапни цени.
Жени – Ним им треба нешто што никој друг го нема. Можете да поминете и со ново ЦД, или ако сте креативни, снимете и сами со избор на песни што знаете дека ги обожава.
Риби
Мажи – Ќе бидат пресреќни ако им дадете маица со персонализиран принт (омилен лик, цитат, датум или слично).
Жени – Многу романтична личност за која интимен подарок како комплексен албум со споделени фотографии ќе биде остварување на сонот. Ако немате слики за албумот, подарете и скапоцен камен, накит или козметика според хороскопскиот знак. Тие многу го сакаат тоа!
извор: денар