За да ја зачините вашата врска и да ја подобрите играта, треба да размислувате пошироко, или во овој случај, надвор од спалната соба.
Експерт за менопауза и либидо тврди дека кујната е најдоброто место во куќата за водење љубов. Иако можеби не изгледа како идеален избор во однос на хигиената, Харпер тврди дека сексот во кујна има една голема предност во однос на сексот во кревет – тоа е многу подобро согорување на калории.
„Кујната е најдобрата просторија за секс, а кујнската маса или работната површина е секогаш убава површина“, вели Харпер, откривајќи ја најдобрата поза за жените да согоруваат калории:
„Маж седи на стол, а жена седи на него со раширени нозе и лицето свртено кон него. Жената може да согори најмногу калории во таа поза“.
Со години се истражува колку калории всушност луѓето можат да согорат за време на сексот, а некои проценуваат дека за 30 минути може да се потрошат и до 150 калории, што е количество потрошено за време на 15-минутно трчање. Сепак, тоа не значи дека сексот е подобар тренинг од трчањето.
извор:попара.мк