Пред се, потребни ни се минимум седум часа сон за добро здравје, но спиењето во погрешна положба или на погрешна перница може да направи да изгледаме поуморно отколку што сме.
„Huff Post“ интервјуираше лекар и експерт за убавина кој ја откри најдобрата поза за убаво и одморено лице по добар сон.
– Спиењето на грб е најдобрата опција кога станува збор за намалување на брчките – откри дерматологот Мајкл Џејкобс.
– Кога спиете на страна, кожата се собира бидејќи има притисок само на едната страна од лицето, што доведува до создавање на брчки – додаде тој.
Ако се прашувате каков материјал е најдобро да се биде до кожата на лицето за време на спиењето, одговорот е свилата.
– Свилените навлаки за перници се најдобри за кожата на лицето, како и нанесувањето на ноќната крема која треба да придонесе за обновување на кожата – заклучи тој.
Ако не можете да се навикнете да спиете на грб, можете да набавите специјална перница од мемори пена. Обезбедува многу придобивки: ја намалува појавата на брчки, ја одржува кожата почиста и ги хидрира клетките на кожата, што го одложува појавувањето на брчките.
извор:попара.мк