Факт е дека не постои начин да се прекине врската безболно. Да го направите тоа преку телефон е непристојно и целосно неприфатливо, а да одите на вечера и да скршите нечие срце за време на десертот е непотребно сурово.
Иако ова не можете да го направите без никој да не е повреден, можете барем да се обидете да го направите побезболно.
Едно неодамна спроведено истражување вели дека најдобар начин да оставите некого е тоа да му го соопштите отворено и директно. Истражувањето спроведено на универзитетот Brigham Young покажа дека генерално полесно го поднесуваме фактот дека некој не остава, ако таа личност тоа ни го соопшти во лице без двоумење.
Во истражувањето учествуваа 145 испитаници, од кои психолозите побарале да се изјаснат како би реагирале на разни лоши вести, вклучувајќи го и раскинувањето. Начинот на кој им ги соопштувале лошите вести, требало да „процени“ колку се јасни, директни, чесни, конкретни и разумни.
Анализата на добиените одговори покажа дека луѓето на кои им се соопштува лоша вест, најмногу ја ценат отвореноста и јасноста, па кога тоа ќе го примените за раскинување на врската, јасно ви е дека сето тоа „ублажување“ само за да избегнете да ги повредите туѓите чувства е сосема непотребно.
Сè што треба да направите е да му кажете на вашиот партнер дека сакате да разговарате и со тоа да дадете неколку секунди за да се подготват за она што ќе го слушнат, а потоа, без заобиколување, соопштете ја вашата одлука.
извор:попара.мк