Факт е дека не постои начин да се прекине врската безболно. Да го направите тоа преку телефон е непристојно и целосно неприфатливо, а да одите на вечера и да скршите нечие срце за време на десертот е непотребно сурово.
Едно неодамна спроведено истражување вели дека најдобар начин да оставите некого е тоа да му го соопштите отворено и директно. Истражувањето спроведено на универзитетот Brigham Young покажа дека генерално полесно го поднесуваме фактот дека некој не остава, ако таа личност тоа ни го соопшти во лице без двоумење.
Во истражувањето учествуваа 145 испитаници, од кои психолозите побарале да се изјаснат како би реагирале на разни лоши вести, вклучувајќи го и раскинувањето. Начинот на кој им ги соопштувале лошите вести, требало да „процени“ колку се јасни, директни, чесни, конкретни и разумни.
Сè што треба да направите е да му кажете на вашиот партнер дека сакате да разговарате и со тоа да дадете неколку секунди за да се подготват за она што ќе го слушнат, а потоа, без заобиколување,