Неверството не секогаш значи и крај на љубовната врска. Понекогаш е можно да се премине преку неа, се разбира доколку прељубникот искрено се покае. Но ако партнерот кој сте го фатиле во неверство се обиде да се оправда со некоја од овие застарени фори, време е да му ја покажете вратата.
1.„Тоа беше само секс, тебе те сакам“
Дали има нешто поглупаво од оваа реченица? Сексот е навистина една од посериозните форми на неверство, а фактот дека тој тоа го смета за нешто кое и не е така важно укажува дека лесно може повторно да го направи истото.
2.„Жал ми е“
Секако дека му е жал, но не затоа што ве изневерил, туку затоа што сте го фатиле. Ако не беше фатен на дело, ќе му беше сеедно.
3.„Ти си виновна за тоа“
Уште еден класичен потег на прељубниците е да наметнат чувство на вина кај партнерот. Не сте вие виновни што некој ве изневерил, а оној кој на ваков начин се обидува да се извлече дефинитивно не ве заслужува.
4.„Нема никогаш ова да го повторам“
Колку пати како деца ова сте им кажале на родителите кога ве фатиле да правите нешто забрането? Тогаш сигурно знаете дека ова ветување и не е баш ветување.