Сигурно сте се запрашале што значат соновите во кои вие имате секс со колега од работа, со непознат дечко или со некој кој не ве привлекува?! Дали тоа можеби значи дека не сте задоволни од вашиот сексуален живот или од сексот со партнерот?! Ова се објаснувања на 6 сонови поврзани со секс кои многу луѓе ги сонуваат, а потоа се срамат да ги кажат бидејќи мислат дека нивното значење е лошо.
Секс со ист пол
Многу жени сонуваат како имаат секс со друга жена иако во вистинскиот живот нив ги привлекуваат само мажи. Ова не е предвидување дека вие ќе станете бисексуалка. Сонот во кој вие имате секс со жена, го покажува блискиот однос помеѓу вас. Тоа може да биде вашата најдобра пријателка или пак некоја личност која ви оставила огромен впечаток на интелектуално ниво.
Секс со бившиот
Не сте помислиле на бившиот дечко од средно веќе неколку години, а вчера имавте луд секс со него во вашиот сон. Ова не значи дека ви се враќаат чувства за него. Многу е нормално жените да сонуваат за нивната школска љубов, поготово ако веќе се во брак и имаат деца. Исто така овој сон кажува дека се плашите да не ги повторите истите грешки во новата врска.
Секс со некој кој ни малку не ве привлекува во реалниот живот
Понекогаш жените сонуваат дека имаат секс со некој кој воопшто не ги привлекува или му се многу лути. Овој сон може да значи дека оваа личност ве нервира за нешто во реалниот живот и преку сексот вие го изразувате вашиот бес кон него.
Овој сон има две значења. Првото е дека на потсвесно ниво вие сте љубопитни да дознаете како е да се има секс со мажот на вашата другарка. Овој секс е забранет, табу и недоличен, но баш овие три работи го прават да биде возбудлив и секси.
Второто значење е дека можеби ви недостига секс со вашиот партнер или сексот ви станал едноличен. Па затоа земете го овој сон во предвид и променете нешто во вашиот сексуален живот.
Секс со вашиот маж, но со друго лице, тело или глас
Вашиот маж е можеби ќелав, слаб и без мускули, а вие го сонувате како Оливие Мартинез, со долга црна коса и француски акцент. Ова значи дека можеби треба малку повеќе да се заинтересирате за партнерот. Некогаш мислиме дека знаеме сè за него. Знаеме што ќе каже, што мисли, што ќе јаде… и поради ова ни станува досадно во негово присуство. Не давајте претпоставки за неговите потези, заинтересирајте се и ќе видите дека не знаете баш сè за вашиот партнер.
Секс со совршениот дечко
Го сонувавте најромантичниот и најубавиот сон и сабајлето кога се разбудивте бевте тажни бидејќи сфативте дека е само сон?! Немојте да бидете тажни бидејќи значењето на овој сон и не е баш така среќенo. Ова значи дека нешто ви недостасува во вашиот вистински живот.